Деветнаесет лица загинаа, а 26 се повредени во сообраќајна несреќа во југоисточната турска провинција Мардин, откако камион вчера влета во толпа луѓе, објави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа на својот профил на Твитер.



„Бројот на загинатите во несреќата што се случи кога камион се судри со толпа луѓе во областа Дерик во провинцијата Мадрин, за жал, се зголеми на 19 лица. Бројот на повредени е 26, од кои шестмина се во тешка состојба“, напиша тој.

Тоа беше втора голема несреќа во текот на вчерашниот ден во Турција. Претходно во медицински екипи, пожарникари и новинари кои биле на место на несреќа на минибус, налета патнички автобус. Загинаа 16 лица, кој потоа се преврте на истата локација.