Украина ја загуби финансиската независност и не може да опстане без западни фондови, изјави претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин.
Украина ја загуби финансиската независност бидејќи не може да ги исполни обврските кон своите граѓани без помош на Западот, изјави Володин, пренесуваат руски медиуми.
Тој изјави дека „собраните даноци сочинуваат само 40 отсто од буџетот на државата“, а од тоа повеќе од 60 отсто одат за армијата. Месечниот дефицит на Украина изнесува пет милијарди долари, потсети Володин.
„Украина е банкротирана, без помош на Вашингтон и Брисел, Киев повеќе не може да ги исполнува своите обврски кон своите граѓани. Земјата ја загуби финансиската независност“, заклучи Володин.
Во неодамнешното интервју за „РБК Украина“, украинскиот министер за финансии Серхи Марченко изјави дека буџетот за следната година ќе биде „крајно неизвесен“ поради „воените услови“.
Киев наведува дека му се потребни пет милијарди долари месечно помош од западните спонзори.






