Членовите Македонци од ,,бугарската комисија” во македонскиот дел од пеколот

Зошто членовите на македонскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Бугарија и Македонија се жртвени јагниња на политиката?



На ова прашање одговор дава екс вицепремиерот за европски прашања и амбасадор Ивица Боцевски во колумна за Нова Македонија.

,,Ќе морам да се спротивставам на веќе создадената претстава во македонската јавност за македонските стручњаци од меѓувладината комисија. Тие не се ниту предавници, ни изроди, ни одродници што одлучиле да ја побугарат целата македонска историја и да ги одмакедончат македонските учебници по историја, географија и граѓанско образование. Ниту, пак, се некомпетентни, необразовани и нестручни. Најмалку, пак, се среброљупци што за „30 сребреници“ се откажале од своите кариери, од своите колеги и од македонската историографска школа каде што се граделе низ години и каде што и понатаму ќе продолжат со својата дејност.
Членовите на македонскиот дел на меѓувладината историска комисија немаа никогаш никаква шанса против политиката. Не се сомневам дека тие влегле во целата работа со отворен ум и со желба навистина да се влезе искрено во размрсување на заплетканите црева на македонско–бугарската историја”, пишува Боцевски за кого било јасно уште на самиот почеток дека Драги Ѓоргиев, Љупчо Ристески, Петар Тодоров, Дарко Стојанов, Исамедин Азизи, Љубица Спасковска и Огнен Вангелов, а претходно и Ванчо Георгиев и Александар Литовски, едноставно имаат „дијалог на глуви“ со бугарскиот дел од меѓувладината комисија.

,,Од македонска страна станува збор за историчари, антрополози и политолози што зборуваат со речникот на најсовремената историографија, антропологија и политологија и кои одамна критички ја препрочитуваат македонската национална историја, никако со намера да ја побугарат, одродат или искривоколчат, туку како најнормална генерациска обнова на историската наука што се случува во секоја историографија и во секоја држава.

,,Сознанијата од работата на глобалната историографија, напредокот во научните методи не само на историската наука туку и на културната антропологија, социологијата, политологијата, економската наука, демографијата, лингвистиката, археологијата, па дури и на форензиката, медицината и инженерството, овозможуваат научниците повторно да се нурнат во минатото и да ги преиспитаат наодите на претходните генерации историчари, да фрлат ново светло на историјата и да ги вметнат новите eeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeнаоди, сознанија и откритија во националната приказна. Впрочем, би сакал да прочитам еден критички осврт на некој македонски историчар, или група историчари, каде што ќе се анализираат разликите помеѓу сите изданија на „Историјата на македонскиот народ“ од Институтот за национална историја. Таму јасно ќе се види како секое ново издание на ова капитално дело за македонската историја секогаш е нов триумф за македонската историографија, но и своевиден пресек како македонската нација се гледа себеси во огледалото во тој даден историски момент. Токму од овие методолошки позиции, македонскиот дел на меѓувладината комисија влезе во сложената тематика на македонско–бугарскиот дијалог околу „заедничката историја“… и тоа беше нивната кардинална грешка и непремостлива фалинка во самото срце на процесот”, смета Боцевски според кого проблемот на овој македонски состав на меѓувладината комисија, но и на кој било друг состав во овој момент е двостран.

,,Од една страна тие ја имаат бугарската национална политика кон Македонија, а од друга страна ја имаат владата на Заев, било да станува збор за „оригиналната верзија“ предводена од него или, пак, за оваа „итерација“, навидум предводена од Димитар Ковачевски”, пишува Боцевски во колумната која може да ја прочитате на овој ЛИНК.