Откако шефот на полицијата во Ротердам, Франк Паув, на Холандската национална телевизија објави дека во последните три години албанската мафија драматично ја зголеми својата активност, пратеници на Либерално-конзервативната партија (ВВД), испратија серија прашања до министерот за правда и безбедност, Фердинанд Граперхаус поврзани со визите за граќаните од Албанија.
Албанската криминална активност во Холандија се зголемува драматично – од 300 кривични дела во 2015 година на илјада во 2016 година.
„Кокаинот и трговијата со луѓе се нивниот главен бизнис. Тие имаат истакната улога и соработуваат и со групи од други етникуми. Албанските криминалци прераснуваат во група за шверц со дрога во Холандија“ вели шефот на полицијата Паув.
Пратениците Фоорт ван Остен и Малик Асмани побараа појаснувања од министерството во врска со изјавите на Паув и прашале дали е разумно да се чека извештајот на Европската комисија за Западен Балкан, кој ќе биде објавен во декември, за да се вратат визите за граѓаните од Албанија.
На крајот од август, весникот Де Телеграф го покрена алармот за зголемeното присуството на албанската мафија во Холандија, пренесува албанскиот портал Exit.al.
Барањата се совпаѓаат со период кога Албанија стана светска вест поради масовното одгледување канабис, наводно под заштита на поранешниот министер за внатрешни работи, Саимир Тахири, кој неодамна беше обвинет за со албанските групи кои шверцуваат дрога во Италија.
Exit.al,потсетува дека само мнозинство од земјите на ЕУ може да побараат привремено враќање на визниот режим во Шенген зоната, но “со оглед на фактот дека Обединетото Кралство, Франција, Италија и Холандија пријавија сериозно зајакнување на албанскиот криминал, оваа мерка не може да се отфрли“.





