Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе му понуди на својот украински колега да организира средба меѓу него и шефот на руската држава Владимир Путин, пренесува ТВ каналот „А Хабер“.
Медиумски извори тврдат дека Ердоган ќе го даде предлогот за време на неговата средба со Зеленски и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш подоцна денеска.
Веста доаѓа откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема да има средба меѓу Путин и Зеленски додека преговарачите и од руската и од украинската страна не ја „направат домашната задача“ за конфликтот.
Турскиот претседател во неколку наврати изјави дека има намера да ги доведе колегите од двете страни на преговарачка маса.
Русија ја обвини Украина за кршење на договорите постигнати за време на разговорите во Турција, велејќи дека Киев секогаш ја менува својата позиција во преговорите.
Според Путин, постојаната промена на позицијата на Киев го прави „невозможен напредокот“ во преговорите.






