На Бугарија ѝ беше одбиено барањето за продолжување на периодот да достави понуда за цистерните за течен гас од САД кој истекува утре, соопшти министерот за енергетика Росен Христов.
За жал, добивме одбивање и рокот останува ист – до 19 август мора да одредиме терминал за снабдување со течен гас, објасни тој.
Петков: Американскиот течен гас е 4 пати поевтин од овој во Европа
Христов додаде дека имал разговор со турскиот заменик министер за енергетика, кој се обврзал пред истекот на овој рок да провери дали има бесплатни терминали.
Експерти: Американскиот течен гас нема да ни доволен ни поевтин
„Во јуни во Турција беа истоварени два танкери.
Сега понудата е за три танкери кои треба да пристигнат годинава – во октомври, ноември и декември.
Има и четири за следната година.
За овие три, кои треба да пристигнат годинава, не се обезбедени терминали ниту во Турција, ниту во Грција.
Собравме понуди од компании кои имаат слотови во Грција, но тука доаѓа прашањето за цената. Не ни треба плин што никој не може да го плати“, изјави тој.
Бугарија, целосно го прекина снабдувањето со руски гас преку „Турскиот тек“ кој поминува низ нејзина територија.







