Манастирот Свети Јован Бигорски е скандалозно злоупотребен во кампањата на СДСМ за локалните избори кои се одржуваат задутре во општината Маврово-Ростуше.
Извори блиски на манастирот тврдат дека ниту манастирот ниту владиката Партениј не дале дозвола посетата на премиерот и делегација од СДСМ на верскиот објект да се користи во пропагандни активности особено не за политички цели.

Во видеото објавено и спонзорирано од СДСМ наменето за изборите во Маврово-Ростуше на почетокот партијата прикажува три кадри, еден од манастирот, еден од премиерот и делегација од СДСМ како шета низ него и еден од средба на Ковачевски со игуменот и владика на МПЦ-ОА Партениј.

На домаќините никој од СДСМ не им кажал дека овие средби и снимки од нив ќе бидат злоупотребени за политичка кампања.
Манастирот е домаќин на огромен број гости од сите провиниенции меѓу нив и политичари но досега ваква злоупотреба на домаќините за политички цели не е забележана во неговата историја, велат луѓето блиски на братството во Бигорски.
Официјално владиката Партениј и манастирот молчат за скандалот што им го приредил СДСМ но од Ковачевски и генералниот секретар Зечевиќ очекуваат веднаш да биде повлечен спотот со снимките од Бигорски а до владиката Партениј да биде упатено јавно извинување.

Духовниот и верски центар на Река никогаш не заземал политички позиции ниту сега го поддржува СДСМ на локалните избори, велат луѓето блиски на манастирот кои се згрозени од политичката злоупотреба на верски објект за изборни цели.
Видеото во кое без прашање пропагандата на СДСМ ставила снимки од Бигорски и владиката Партениј е на овој линк





