Најмалку 20 лица загинаа во експлозијаво џамија во главниот град на Авганистан, Кабул. Меѓу убиените е и имамот на џамијата. Нападот бил извршен за време на вечерната молитва во средата, објави Ројтерс.
Полицијата соопшти дека има многу жртви, но не го прецизираше точниот број.
Претставник на талибанското разузнавање изјави за Ројтерс дека можеби до 35 лица се ранети или убиени, а бројот може да се зголеми.
Други медиуми цитираа неидентификуван функционер дека бројот на загинати е 20.
Очевидци изјавија дека силната експлозија се слушнала во северниот кварт на Кабул, при што биле скршени прозорците на околните згради. На местото на настанот пристигнаа возила на брза помош.
Ова е втор напад во Кабул овој месец: На 6 август групата Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад на прометна улица во главниот град на Авганистан во кој загинаа 22 лица.







