За опремување на едно прваче потребни се во просек од 5.000 до 6.000 денари за разлика од пред пандемијата кога трошоците за прваче се движеа од 3.000 до 4.000 денари.
Според информациите што МИА ги доби при обиколката на книжарниците, семејствата кои имаат прваче ќе треба да одвојат околу 3.500 денари за моливи, пенкала, боички, ножички и несесер со вклучен прибор, од 500 до 1.000 денари за тетратки, а трошоците за ранец се движат од 700 до 3.000 денари во зависност од моделот и квалитетот.







