Екипа.Мк: Блокирана сметка го блокира Охридскиот маратон

Една од најпрепознатливите домашни спортски манифестации, Охридскиот пливачки маратон годинава нема да се одржи поради блокирана сметка на Федерацијата, и финансиски недоследности на претходното раководство, дознава порталот Екипа.Мк.



По денешната средба на претседателот на државата, Стево Пендаровски со претседателот на Националната пливачка федерација, Горан Стојановски, од кабинетот на претседателот следи и информацијата дека светски признатиот Охридскиот пливачки маратон оваа година нема да се одржи.

„Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Горан Стојановски, претседателот на Националната пливачка федерација. На средбата се разговараше за реализираните активности на Националната пливачка федерација, за организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план, како и за идните планови на федерацијата.

Претседателот на Националната пливачка федерација информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското работење на претходното раководство, се наведува во соопштението“ – се вели во соопштението од кабинетот на Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.