Најдобрите македонски фудбалери ги продолжија подготовките за пријателската со Норвешка в сабота во Скопје. Селекторот Игор Ангелоски трет ден ги има на располагање сите што ги повика или што беа достапни и здрави, и секако, посакува триумф кој би можел да не вивне и меѓу првите 70 селекции на ФИФА листата на крајот од годината. Дуелот со скандинавците е за два дена од 18 часот и 30 минути и се игра на арената Филип втори.



Три дена подоцна ќе игра и нашата млада фудбалска селекција која против Австрија, исто во главниот град, ќе треба да се вади за тешкиот пораз во Гибралтар. Тоа е средба од квалификациите за Европското првенство, а е закажана за 14 ноември во Скопје. Одбраните од селекторот Благоја Милевски се на тренинзи од вчера.

А овие денови предвидени за репрезентативни натпревари ги отвори нашиот национален фудбалски тим до 19 години кој вчера изненадувачки славеше со 2-1 против Швајцарија на турнирот што се одржува во нашава земја. Следен противник ни е Белгија која вчера беше подобра од Лихтенштајн со 3-0, па излегува дека средбата в сабота Белгијците е за првото место во групата.