Дури 1.038 лица кои ги управуваат возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа за само 7 месеци, регистрираше СВР Тетово, објави Канал 5.
Само во текот на вчерашниот ден санционирани се седум возачи за истата причина.
„Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел посебно до младите, да не седнуваат зад волан без претходно да посетувале законски предвидена теоретска и практична обука и без положен возачки испит бидејќи на тој начин ја доведуваат во прашање, пред се сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, без разлика дали станува збор за патничко, товарно, мотоцикл или друго возило“, порача портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Паричните глоби за овој вид сообраќаен прекршок изнесуваат 250 евра во денарска противвредност.







