Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ќе се жали пред Советот на обвинители откако републичкиот обвинител, Љубомир Јовески донесе решение со кое времено ја отстрани од функцијата.
Русковска за ТВ 24 потврди дека веќе го примила решението за времено отстранување од работното место.
Одлуката на Јовески следеше откако претходно тој напиша извештај во кој се констатирани неправилности при претресот што Русковска заедно со обвинителките го извршија во Управата за финансиска полиција во јули годинава под сомнение дека директорот на управата, Арафат Муареми криел предмети во фиока за кои Обвинителството на Русковска не било информирано.
Во мнеѓувреме, директорот на управата за финансиска полиција, Арафат Муреми соопшти дека поднел тужба пшротив Русковска и веднаш потоа оставка како в.д. директор на управата „за да не влијае“







