Маричиќ: Да им веруваме на луѓето кои работат во историската комисија

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ апелира да му се верува на нашиот тим историчари во Мешовитата македонско-бугарска комисија за историјата.



Комисија во понеделникот преку Министерството за надворешни работи објави заедничка декларација за чествување на средновековните историски личности Цар Самуил, свети Кирил и Методиј, свети Климент и свети Наум, како и корекции од средновековниот период во бугарските и македонските учебници од основно училиште.

„Вредно е ако седум врвни историчари кои сме ги поставиле, се согласиле со тој текст, така што ако тоа отвори задничко видување, тоа треба да се почитува. Им веруваме на луѓето кои работат таму. Сѐ што ќе направиме ние, очекуваме тоа да го направи и Софија“, велиМаричиќ.

За процедурата за уставни измени во Собрание, која предвидува исполнување на угарското барање за впишувањена Бугарите во македонскиот Устав, Маричиќ вели дека таа ќе почне во некоја понатамошна фаза.