Американскиот милијардер Илон Маск објави преку социјалните мрежи дека го купува Манчестер Јунајтед, но накусо потоа објави дека – се шегувал.



Маск синоќа најпрво објави на Твитер дека е во постапка на купување на англискиот клуб.

Но, набрзо потоа, откако се разбранува англиската јавност, информираше дека се шегува.

„Сето тоа е стара шега на Твитер. Нема да купувам спортски клубови. Меѓутоа, доколку се одлучам на ова, би го избрал Манчестер јунајтед. Ова е мојот омилен тим уште од детството“ – објасни потоа Маск.

Манчестер јунајтед е во мнозинска сопственост на наследниците на американскиот бизнисмен Малколм Глејзер, кој го купи клубот во 2005 година, а почина во мај 2014 година. Екипа.мк