Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти е важно да се воспостави директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин.
„Колку и да е тешко, директната комуникација е важна, особено за време на сериозна криза. Сакам нашите пораки директно да стигнат до рускиот претседател“, рече Шолц во интервју за шведскиот весник „Дагенс Нихетер“.
Тој прецизираше дека на тој начин сакал на Путин да му го пренесе ставот на Западот во однос на ситуацијата во Украина.
Истовремено, канцеларот на Германија додаде дека не верува дека односите меѓу Русија и Германија можат да се нормализираат во „догледна иднина“.







