Екс обвинител им ја предвидува судбината на Русковска и Јовески

Екс јавниот обвинител од Охрид Војо Димоски кој неодамна сам се повлече од обвинителската функција одбивајќи да биде дел од корумпираното и политизирано правосудство ја анализира судбината на јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска која денеска беше суспендирана од државниот обвинител Јовески.



Според него Русковска нема шанси да добие фер дисциплинска постапка затоа што тројца од тие обвинители што ќе одлучуваат за нејзиниот случај се под контрола на ДУИ, партија која во Собранието одлучува за функцијата на Јовески кој е кандидат за член на Уставниот суд.

Русковска е суспендирана на денот кога се откри дека таа води предистрага за функционер на ДУИ за злоупотреби при сервисирање на ,,Ер Трактори”.

Дополнително Русковска во наредниве недели требаше, по година и половина предистрага, да одлучи дали да почне истрага за лицето Вице Н. против кое требаше да почне постапка за рекет во РЕК Битола.

,,Кажете и’ на Вилма дека дисциплинската комисија ќе брои пет члена. Тројца од тефтерчето на ДУИ (од тројцата не можеш да направиш ни половина правник!) и двајца статисти од кои половината е претставник на ЛГБТ заедницата (против која нели, немам ништо!).
Резултатот на дисциплинската постапка ќе биде Љубе во Уставен”, пишува Димоски кој важи за еден од најдобрите македонски кривичари а сега продолжува со адвокатска кариера.