Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА),Адмирим Алити, пресметал дека во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци, иако според бројките од последниот попис, Албанците се 24,3 отсто од резидентното население.



До бројката од 31,54 отсто министерот си дошол додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус си додал уште два отсто од 7-те отсто административно попишани, објави порталот Сакам да кажам.

Алити е министер од јануари годинава, кога неговата партија Алтернатива влезе во владејачката коалиција.