Руската државна компанија Газпром се заканува на своите европски клиенти дека ќе има нагло поскапување на гасот во зима.
Цената може да се зголеми за 60% до над 4.000 долари за 1.000 кубни метри, објави компанијата.
Причината, според соопштението цитирано од ТАСС, е тоа што количината и производството продолжуваат да се намалуваат поради западните санкции поради војната во Украина.
Европските цени на гасот денеска достигнаа 2.500 долари а според проценки на Газпром, цените ќе надминат 4.000 долари за 1.000 кубни метри во зима ако продолжи овој тренд.







