Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОК) прави анализа на документите поврзани со јавната набавка на противпожарните авиони, потврдуваат за МКД.мк од Обвинителството. Детали не се споделуваат бидејќи, како што велат од ОЈО ГОК се работи за предистражна постапка која е тајна. Се работи за злоупотреба при тендерската постапка за сервисирање на леталата за гаснење на пожар од Дирекцијата за заштита и спасување со која раководи Беким Максути.
„Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со сервисирањето на противпожарните авиони – канадери спроведува предистражна постапка. Во моментов се анализира прибавената документација поврзана со јавната набавка, по што ќе биде донесена одлука за понатамошниот тек на постапката. Со оглед на тајноста на предистражната постапка во моментот не може да се споделат повеќе детали за овој предмет”, е одговорот што редакцијата на мкд.мк го добила од ОЈО ГОК.
Ова значи дека е отворена неформална постапка за собирање докази, во фаза кога кривичното дело или неговиот сторител сѐ уште не се откриени во целост, а ја спроведува полицијата по службена должност или по барање на јавниот обвинител.
Повеќе детали на овој ЛИНК
Авионите за гаснење пожари со години не беа функционални затоа што власта не ги беше сервисирала.
Иако лани во август екс премиер Заев најави дека ќе бидат функционални до октомври лани дел од нив не беа сервисирани до јули а дел се во функција.





