Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков пред да оди на издржување на затворската казна стана дедо. Вчера сопругата на неговиот постар син, Јордан Мијалков, Анастасија родила женско бебе.
Веста дека Мијалкови добиле принова беше обајвена на социјалните мрежи, а веста ја сподели сестрата на Анастасија, Александра, партнерка на актерот Атанас Атанасовски, со кој има две деца.
Мијалков го одложи издржувањето на тригодишната затворска казна за случајот „Империја“ којашто треба да ја издржува во струшкиот затвор поради болничко лекување.







