Прифати ли Македонија дека Самоиловото царство било – бугарско

По препораките на мешовитата македонско-бугарска комисија, во Македонија за прв пат ќе има промена во учебниците



Историчарите меѓу себе се согласиле дека историската наука го признава Самуиловото царство како бугарско на територија на Македонија, дека светите браќа Кирил и Методиј својата литературна дејност ја развиле во Преслав и Охрид – тогаш дел од средновековната бугарска држава. Слични промени се предвидени и за животот и делото на св. Климент Охридски и Св. Наум Охридски.

Од тие причини македонските претставници на мешовитата историска комисија предлагаат заедничко чествување на овие историски личности.

Клучен предлог е да се нагласи во учебниците за 6-то одделение во Северна Македонија дека нема врска помеѓу Античка Македонија и современата македонска држава.

Ќе има уредување и на текстови во бугарски учебници за 5-то одделение.

Сите одлуки ќе треба да бидат одобрени од владата. Комисијата ги продолжува дискусиите за 19 и 20 век, каде според македонските историчари се очекуваат најтешки прашања.