Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, оценува дека дека и понатаму државата ќе биде заложник на историјата поради францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија.
Вчера, министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија ги објавија усогласените препораки на заедничката Комисија за историски и образовни прашања.
Станува збор за две групи препораки – за заедничко чествување на пет личности и пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Македонија.
Овие препораки триумфалистички се поздравени од некои историчари во Бугарија.
„Наместо да зборуваме за 21-ви, 22-ви век, за иднината, ние зборуваме за Средниот век како што впрочем видовте и денеска се зборува за цар Самоил, се зборува за Климент, се зборува за Наум, за Кирил и Методиј и се зборуваат неточни работи. Практично, ние сега треба да ги менуваме, односно цензурираме учебниците на децата кои ќе учат во училиштата под диктат, под притисок од Бугарија, истакна Мицкоски.
Тој оцени дека „ова е дебакл на политиките на власта во однос на политичарите од ЕУ“.







