Покрај новите реакции од македонската наука и јавност кои се згрозени од препораките на мешовитата Комисија за историја со Бугарија која смета дека Самоил и Кирил и Методиј се Бугари на површина излегуваат и други научни ставови според кои оваа одлука на академик Драги Ѓоргиев и неговите колеги од комисијата е апсурдна.
Д-р Александар Атанасовски, професор по византологија на Kатедрата по историја на Филозофскиот факултет уште пред 4 години рече дека сите соседи ја присвојуваат нашата историја, а не ние нивната.
Притоа Атанасовски објасни зошто Кирил и Методиј не можеле да бидат Бугари.
,,Иако датумот на раѓање на Методиј се уште не е точно утврден – историчарите го датираат од 810 до 825 година – а за Кирил е утврдено дека е роден во 827 година, при што и двајцата се родени во Солун, знаете ли каде биле Бугарите тогаш?
Во 814/15 година потпишан е 30 годишен мир меѓу Визнатија и бугарија, при што на Бугарија и е отстапена само Сердика, денешна Софија, а границата е северно над Витоша.
Јужно од Софија – Бугари НЕМА! Како тогаш овие што се родиле во Солун во 810 или 825 година се Бугари?
Бугарите продреле до Солун дури некаде во 904 година. Во времето на Борис тие продреа некаде до Брласица, по која оди границата меѓу Византија и Бугарија во тоа време, кај Костур слегува малку јужно и излегува на албанското крајбрежје – зборувам за договорот меѓу Византија и Бугарија од 864 година.
Но, во тоа време, Кирил и Методиј се во Моравија и тие дејствуваат против Бугарија, бидејќи Бугарија бла во сојуз со Германија. А тие во Моравија ги штитат интересите на Византија и ги поддржуваат Моравците да се спречи воениот сојуз меѓу Бугарија и Германија.
Значи луѓе кои што работеле против Бугарија, Бугарите сега ги присвојуваат за свои”, објави професорот Атанасовски на трибина уште во 2017 година.
Неговите научни факти не ги спорат ниту бугарските научници но сепак македонските членови на комисијата со Бугарија го прифатија бугарскиот став за двајцата просветители.






