На повеќе места во земјава денеска се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.



На места ќе наврне поголема количина на воден талог. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19, а максималната од 21 до 28 степени. УВ индексто ќе изнесува 6.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, во делови од котлината со пообилни врнежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Синоќа Кавадарци беше зафатено од силно невреме кое буткало дрвја, донело големи наноси на кал, од поројните дождови вода навлегла и во зградата на општина Кавадарци…. За половина час наврнале 40литри дожд на квадратен метар.

До повикувачкиот центар во општината,имало бројни пријави за поплавени подрумски простории и други штети.

Екипи на ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец и “Мој општинар” повеќе часови биле на терен на асчистување на последиците.