Писателот со индиско потекло Салман Ружди повеќе не е на апарати за одржување во живот и може да зборува, по нападот во кој беше избоден со нож дури 12 пати додека се подготвуваше да одржи предавање во Њујорк, објави telegraph.co.uk.



Ружди останува во болница поради сериозни повреди, а колегата од авторот Аатиш Теисир во саботата вечерта на Твитер објави дека е „исклучен од респиратор и зборува “. Агентот на Ружди, Ендрју Вајли, ја потврди оваа информација без да понуди повеќе детали.

Обвинетиот за нападот Хади Матар (американски граѓанин од либанско потекло) се изјасни за невин по обвиненијата за обид за убиство и напад за, според обвинителот, кривично дело „со умисла“.

Ружди (75) има оштетен црн дроб и отсечени нерви во раката и окото, рече г-дин Вајли во петокот навечер. Постои можност да го загуби повреденото око.