Во скандалозна проповед, која осамна на социјалните мрежи, епископот банатски Никанор ги повика верниците „на оружје“, против одржувањето на Европрајд во септември во Белград. Во исто време упати низа брутални навреди кон премиерката Ана Брнабиќ и нејзината сексуална ориентација.



Банатскиот бискуп не го изговари нејзиното име, објаснувајќи дека доколку го изговори повеќе нема да може да го изговара „божјото име“, но јасно посочи кон кого се упатени навредите.

„Ја извалка нашата земја. Таа дозволила нејзиниот брат да биде татко на нејзиниот син. Тоа не е ниту од наша вера, ниту од наше потекло. Нејзините родители и дедовци биле непријатели и касапи на српскиот народ. И таа денес треба да ни проповеда дека нема татко, нема мајка, само родител 1 и родител 2“, рече во говорот банатскиот владика со навреди алудирајќи на премиерот.

Никанор ги повика верниците да се спротивстават на најавената „геј парада“, доколку е потребно – и со оружје.

Проповедта на Никанор предизвика бран на незадоволство во граѓанските и црковните кругови, каде многумина сметаат дека инаку контроверзниот епископ на Банат овој пат претерал. Долго време има репутација на човек кој не бира зборови, а на мета често му се црквата, одредени владици, но и политички и општествени прашања.

Владиката се се извреѓа сам себе, се понижи себеси и нашата црква“, ја коментираше српскиот претседател Александар Вучиќ изјавата на владиката.

„Да кажеш дека детето на Ана Брнабиќ и и го направил нејзиниот брат, дека дедо и бил усташ – дали му е барем малку срам.

Еден од дедовците (на Брнабиќ) бил Хрват, но тој не бил усташ“… коментираше Вучиќ.