Тридневна жалост во Црна Гора по масакрот во Цетиње

По вчерашниот масакр во Цетиње во кој беа убиени 11 лица, меѓу кои и напаѓачот, црногорската прогласи тридневна жалост на 13, 14 и 15 август.



„Поради невидениот трагичен настан, што резултираше со загуба на животи на црногорски граѓани, Владата донесе одлука да прогласи тридневна жалост на територијата на цела држава Црна Гора“, се наведува во образложението на одлуката.

Во населбата Медовина во Цетиње, 34-годишниот Вук Бориловиќ отворил оган врз сограѓани и уби 10 лица меѓу кои и две деца, додека шестмина се ранети.

Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во пресметката бил убиен од сограѓанин. На трагедијата и претходела семејна расправија.

Надлежните велат дека се уште утврдуваат зошто триесет и четиригодишникот решил да го направи тој „гнасен чин“ и повикува на солидарност со семејствата на загинатите. И безживотното тело на напаѓачот е испратено на обдукција, а првичните информации говорат дека го убил сограѓанинот Н.К. додека бил опкружен со полиција.