Русија за неодобрениот почесен конзул во Битола: Непријателски гест

Русија реагира за новото нарушување на меѓусебните односи со Македонија предизвикано од повлекувањето на согласноста на Скопје за поставување руски почесен конзул во Битола.



„Властите на Северна Македонија официјално известија за повлекувањето на согласноста за воспоставување на функцијата почесен конзул на Руската Федерација во градот Битола. Ништо не се кажува за мотивите за овој чекор – очигледно, тие не можеа да се формулираат поради нивно јасно отсуство.

Нема сомнение дека ова е повторно политички мотивиран, непријателски гест. Овој напад против нас има цел да го продлабочи јазот во руско-северномакедонските односи создаден врз основа на зависното однесување на Северна Македонија, за да ја покаже слепата лојалност на оваа балканска земја кон западните сојузници, нивната политика на санкции и брутален притисок на Русија.

За жалење е што овојпат институцијата почесен конзул се жртвува за антирускиот курс во Скопје, иако помага да се развијат меѓучовечките контакти, да се поддржат луѓето и бизнисите. Очигледно, не се грижат премногу за сопствените интереси и предизвикуваат наш одговор, кој секако ќе следи“, изјави Иван Нечаев, заменик-директор на Одделот за информации и печат на Министерството за надворешни работи на Русија.