Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, преку својот профил на „Фејсбук“ остро му се нафрли на народниот правобранител Иџет Мемети, чијшто пакет со предложени измени на законите во делот на човековите права вчера не беше изгласан во Собранието.
„Најмалку право да зборува за човекови права има актуелниот народен правобранител Иџет Мемети, кој молчеше и чекаше да го изгласаат за втор мандат на црниот понеделник. Мандатот му беше поважен отколку човековите права. Толку на таа тема“, напиша Зекири, додавајќи: „П.С. Пратениците ќе го исправат пропустот, а Иџет Мемети нема да може никогаш да го смени фактот дека молчеше и без срам беше реизбран на црниот понеделник“.
„Црниот понеделник“, за кој зборува Зекири, се однесува на немилите настани во и надвор од Собранието на 24 декември 2012 година, кога излезе од контрола дебатата за буџетот. Токму тој ден омбудсманот Мемети беше реизбран, добивајќи нов осумгодишен мандат.





