Тетовска компанија која треба да ја организира манифестацијата за 21 година од Рамковниот договор, е истата фирма која треба да набави свидетелства за учениците.



Нема учебници, нема сведителства…

Тетовската фирма Арбериа Десигн ја организираше и минатогодишната прослава, стои зад организацијата и на прославата на Денот на албанското знаме, а позната е и по печатењето на учебници на албански јазик, објави РСЕ.

Според податоците на Бирото за јавни набавки, само во изминатите 4 години, оваа компанија добила 61 тендери од државата од околу 4 милиони евра.

Според податоците на Државниот завод за ревизија, фирмата се јавува и како донатор на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изборите во 2015.

Тогаш тетовската фирма одвоила 20 илјади евра и е најголемиот донатор на ДУИ за тие избори.

Прославата на 21 – годишнината од Рамковниот договор. минатата година се славеше со пола милион евра, сега, пак, се планира да се потрошат речиси 100 илјади евра, покажуваат податоците на Бирото за јавни набавки.

Организатор на одбележувањето на годишнината од Договорот со кој се стави крај на конфликтот во 2001 е Министерството за политички систем, на чие чело е првиот вицепремиер Артан Груби, кој е кадар на ДУИ.