Герхард Шредер, кој во Германија станува сè повеќе исмејуван поради неговите проруски ставови, поднесе тужба против долниот дом на парламентот на Бундестагот во Германија, со која се обидува да ги врати неговите привилегии како поранешен канцелар, јави ДПА.
Герхард Шредер приморан да го напушти „Роснефт“
На 78-годишниот поранешен канцелар, Шредер, му беше одземено правото на канцеларија од државата во мај, поради неговото одбивање да се дистанцира од рускиот претседател Владимир Путин по руската инвазија на Украина.
Тој го тужи парламентотсо да ги врати специјалните привилегии што му беа одземени во мај, изјави неговиот адвокат за ДПА.
Буџетската комисија на германскиот парламент во мај донесе одлука дека Шредер, кој долго време беше предмет на жестоки критики во Германија поради своите врски со Русија, мора да се откаже од своето право на канцеларија во Бундестагот, иако сè уште има право на пензија и осигурување.
Адвокатскиот тим на поранешниот канцелар тврди дека одлуката на буџетската комисија на Бундестагот да го запре финансирањето на канцеларијата со персонал на која има право Шредер и да ја укине е незаконска, се вели во соопштението од правната канцеларија во кое увид имала ДПА.







