Повеќе од 20 земји учеснички ветија дека ќе одвојат околу 1,5 милијарди евра за воените потреби на Украина на донатосраката конференција „Копенхаген-Украина-2022“ за поддршка на Киев.



Данскиот министер за одбрана Мортен Бедсков, според весникот Jyllands-Posten, на конференцијата присуствуваа претставници на 26 земји, меѓу кои и украинските и британските министри за одбрана Олексеј Резников и Бен Валас.

„Голем број земји, исто така, изразија подготвеност да ја поддржат [Украина], но прво треба да си одат дома и да разговараат за тоа во нивните парламенти“, рече Бедсков, истакнувајќи дека износот на финансиската помош може да се зголеми.

Според шефот на данското Министерство за одбрана, парите би можеле да се искористат за вооружување или обука на украинската војска.

Учесниците на конференцијата се договорија и за создавање фонд за собирање средства за зголемување на производството на оружје, со кој ќе се занимава Велика Британија.