Полициски службеници од Полициска станица Неготино денеска дошле на домашна адреса на новинарката Вики Клинчарова од „Фокус” поради службен разговор.
Полицајците дошле во домот за да достават Предупредување поради поплака од страна на жената возач која на осми август удри 11-годишно дете со автомобил на улица ,,Маршал Тито” во Неготино.
Имено, во текстот објавен во „Фокус” пренесена е изјава на мајката на прегазеното дете, Билјана Малиминова, кое со тешки телесни повреди моментално е на болничко лекување на скопските клиники.
Во изјавата, мајката посочи дека жената возач откако го удрила детето со автомобилот, наместо да повика итна медицинска помош и да го остави возилото со кое се случила несреќата на самото место поради увид, таа го зела повреденото дете во својот автомобил, тргнала да го носи дома, а попат запрела и го извадила момчето надвор од возилото, наводно за да провери дали тоа може да оди.
Повеќе детали за жената што предизвикала тешко телесни повреди кај дете а чиј сопруг е полицаец на Фокус






