Со санкциите кон Русија, „Кока-Кола“ изгуби 190 милиони евра

Компанијата Кока – Кола ХБЦ соопшти дека претрпела еднократен финансиски удар од 190 милиони евра во првата половина годинава, поради трошоци поврзани со работа во Русија, каде ја запре продажбата на пијалакот по нападот на Москва врз Украина.



Компанијата која ја сметаше Русија за еден од своите најголеми пазари, очекува да претрпи финансиски трошок од околу 82 милиони евра и во втората половина на годината, затоа што исцрпени се сите нејзини резерви во Русија, каде веќе нема да произведува или продава кока – кола или други компаниски брендови.