ВМРО-ДПМНЕ има поголем рејтинг од сите три владеачки партии СДСМ, ДУИ и Алтернатива.
Ова го покажува анкетата што ја објави вечерва лидерот на најголемата македонска партија Христијан Мицкоски.
,,Според анкетите на ИПСОС, ВМРО-ДПМНЕ како самостојна партија би имала двојно поголема поддршка од СДСМ на следните избори.
Народот јасно кажува на кого повеќе му верува!”, пишува Мицкоски.
Трите владеачки партии заедно имаат 18,5 проценти доверба од граѓаните или 1,2 % помалку од ВМРО-ДПМНЕ која сама има 19,7 проценти поддршка.
Предноста само пред СДСМ е повеќе од двојно поголема.





