Максим од Куманово ќе формира движење контра сегашната власт

„Тоа ќе биде двиежење со лев карактер и со централни политики по однос на националните прашања на државата.



Никогаш немам кажано нешто негативно за мојата партија СДСМ, но ќе потенцирам дека луѓето кои што во моментов ја водат и менаџираат СДСМ се далеку од социјалдемократските вредности и партијата ја трансформираа во своевидна приватна фирма, или пак може да се дефинира како груевизам, вели градоначалникот на Куманови , Максим Димитреиевскиво интерву за МКД.К.

Движењето е веќе регистрирано во Куманово како невладино, а во моментот кога ќе добиеме информација за времето на одржување на следните парламентарни избори, движењето ќе биде официјало промовирано во јавноста.

„Имаме експерти од буквално сите општествени области. Станува збор за врвни интектуалци, теоретирачи и луѓе од праксата, како и за луѓе од реалниот бизнис, но и успешни работници и земјоделци, како и од други категории на луѓе и професии“,вели Димитриевски

Градоначалникот на Куманово, еден од насјотворените критичари набугарскиот однос кон Македонија вели:

Надворешната политиката на Македонија е дефинирана во далечните 90-ти години, каде стратегиски интереси се членство во НАТО и во ЕУ, градење на добри односи со сите соседи и создавање нови пријатели во светот. Ќе градиме соработка со сите држави, но во интерес на Македонија, со поддршка за развој на демократските општества. Ова движење ќе се држи до тие стратегиски определби за државата, за што впрочем и постоеше консензус“.