Бугарија пак на избори, Радев очекува конечно стабилна влада

На 2 октомври ќе се одржат 4-тите по ред парламентарни избори вио бугарија и атуелниот шеф на државата , Румен Раде, очекува конечно формирањена стабилно парламентарно мнозинство и – легитимна влада.



„За сите нас е од големо значење овие избори да донесат стабилно и одговорно владејачко мнозинство кое ќе се зафати со итни реформи и ќе носи стратешки одлуки за нашата земја. Исто така, важно е ова мнозинство да ужива висок легитимитет што произлегува од високиот одѕив на гласачите“, нагласи Радев.

Според него, високата излезност бара висока посветеност на партиите и кандидатите за пратеници со јасни програми и пораки за привлекување гласачи, но и одговорна работа на изборната администрација и државата, што ќе даде доверба во транспарентноста, чесноста и пристапност на изборниот процес.