По најавата на прв човек за надворешни работи на Бугарија,Николај Милков, дека се подготвува нов документ за исполнување на задачи за Република Македонија, за кој македонската влада молчи, се огласи ВМРО-ДПМНЕ.
„Не беше доволно предавството кое го направија со прифаќањето на Протоколот и рамката за преговори во кои ги внесоа билатералните односи, сега ни се подготвува нов документ со нови услови и задачи кои треба да ги исполни државата.
Додека јавно првиот човек на бугарското МНР зборува за нови услови, Ковачевски, Османи и Маричиќ скриени во глувчешка дупка, молчат за она што се подготвува во Бугарија.
Ковачевски, Османи и Маричиќ треба веднаш да одговорат што содржат овие нови документи, кои се новите барања и услови?
Додека се обидуваа од петни жили да ја убедат македонската јавност дека со Протоколот се затвораат сите услови и барање од страна на Бугарија, за нецел месец, повторно добиваме нови услови и нови барања за исполнување.
Нема крај на предавствата и продажбата на македонскиот идентит, историја, јазик и култура на Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ.
За крај на сите предавства со потребни брзи парламентарни избори и референдум за граѓаните да го искажат своето мислење за предавствата кои ги прави оваа ненародна власт“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.







