Началникот на регионот Запорожје потпиша указ за одржување референдум на кој жителите се поканети да се изјаснат дали сакаат да се приклучат на Русија.
Шефот на воено-цивилната администрација на регионот Запорожје, Евгениј Балицки денеска изјави дека го потпишал указот за одржување референдум за присоединување на регионот кон Русија.
„Ја потпишувам наредбата до Централната изборна комисија да ги започне подготовките за референдумот за обединување на регионот Запорожје со Русија“, изјави Балицки на форумот „Заедно со Русија“, пренесува ТАСС.
Наредбата била потпишана за време на форум организиран од 700 делегати на локалното движење кое себеси се нарекува „Ние сме заедно со Русија“.
Претходно, членот на главниот совет на администрацијата на регионот Запорожје, Владимир Рогов, ја коментираше изјавата на Володимир Зеленски дека одржувањето референдум во јужните региони – Запорожје и Херсон – ќе стави крај на секоја можност за преговори меѓу Русија и Украина.
Рогов рече дека референдумот најверојатно ќе се одржи во септември, а ќе се утврди точниот датум.
„Земјата на Запорожје ја напушта Украина засекогаш. Регионот Запорожје тргна кон обединување со Русија и нема враќање. Затоа го советувам режимот на Зеленски веќе да се навикне и да почне да го идентификува регионот Запорожје со Русија“, рече Рогов.
Зеленски изјави дека преговорите со Русија нема да бидат можни доколку тој одржи референдуми во окупираните области на неговата земја.






