Митровски по низа неспречени насилства: Кој ѓавол е министер за труд и социјала?

Адвокатот Јанаки Митревски кој е и активист за човекови права реагира на молкот и работата на МВР и министерството за труд и социјална политика откако почина жената од Неготино која крвнички беше претепана од сопругот.



,,Во пеколот има десетти круг за вакви копилиња. А единаесетиот е резервиран за “службите” кои си се чешкаат”, коментира Митровски.

Тој дава неколку примери на насилство врз жени кое можело да биде спречено а тие да бидат уште здрави, живи и без стрес.

,,Жена од Гостивар трпи терор пет години, во суд ја тепаат, во суд алооо и никому ништо.
Ја дави и тепа Пале од Велес, таа се брани, а ОЈО Велес дига обвинение.

Миле Топузовски крвнички претепува три жени во рок од година дена, си се шета по Скопје, единицата за потраги на мвр не може да го најде.

Семејното насилство во Македонија особено во корона е до плафон, МВР си дреме.
Срамно и разочарувачки е да ни умираат луѓе на ваков начин. Кој ѓавол е министер за труд, знаеме ли воопшто?”, прашува адвокатот по низата страшни случаи со жртви од женски пол.

Министерството за труд и социјална политика го води кадар на СДСМ Јована Тренчевска.