Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ги презентираше даночните реформи преку кои треба да се соберат 54 милиони евра.
Ќе се воведе данок за реинвестирана добивка кај компаниите која досега не се оданочуваше. Нема повеќе да има поволности за придонесите за доброволниот пензиски фонд.
Ќе се намали основата за даночни олеснувања за вложување во спортот. Ќе се укинат и преференциите кај премиите за животно осигурување.
Ќе се оданочува и капиталната добивка од продажба на акции како и каматите од орочените депозити во банките. Ќе се оданочуваат и менаџерските немонетарни бенефити.
За социјалните придонеси ќе се укине највисоката месечна пресметка. Ќе се плаќаат придонеси за задолжително социјално осигурување за договори за дело.
Бесими најави реформи и кај ДДВ и додеде дека за реформите попрецизно ќе се дебатира до јануари.






