Македонија на 135-то место меѓу 142 држави според воената моќ

Во регионот најголема воена сила е Србија, рангирана на 61 место во светски рамки. Веднаш зад Србија е Хрватска која е на 62-ро место. Црна Гора е на 132 место, Албанија 115, Македонија на 135, Косово на 140-то место од 142 земји земени предвид. Последни на листата се Исланд и Бутан.



Ова е ранг листа според годишниот извештај на „Global Firepower“, во кој се оценува воената моќ на секоја земја, први на листата се САД, по што следуваат Русија, Кина и Индија.

Во топ десетте најсилни армии уште се и Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил.