Зеленски: Нема мир ако окупираните области одат на референдум за приклучување кон Русија

Доколку Москва одржи референдуми за приклучување кон Русија во окупираните области на неговата земја, нема да има разговори со Украина или нејзините меѓународни сојузници, изјаву украинскиот претседател.



Тој вели дека Украина цврсто се држи до својата позиција да не ѝ отстапува територија на Русија.

„Ако окупаторите продолжат по патот на псевдо-референдуми, тие ќе ја затворат за себе секоја шанса за разговори со Украина и слободниот свет, што очигледно ќе и треба на руската страна во одреден момент“, рече тој.

Неколку региони со мнозинство руско население најавија одржување референдум за отцепување од Украина.