Новинарот на хрватски „Индекс“, Владимир Матијаниќ, починал во петокот попладне по неколкудневно барање помош од сплитските лекари. За прв пат на 2 август на ургентната инфектологија побарал да биде хоспитализиран. Но, тие го испратиле дома.



Неговата животна сопатничка Андреа Топиќ, исто така новинарка на Индекс, на Фејсбук детално опиша како ден пред неговата смрт и на денот на неговата смрт најмалку десет пати се јавиле во болница и во Итна помош и побарале да го хоспитализираат.

Топиќ рече и дека не можела да го однесе во болница бидејќи не можел да се движи, имено, не можел да оди ни во тоалет, а камоли автомобилот, а и самата боледува од Ковид.

„Јавете се за пет дена ако не се подобри“ и „Мочајте во лонец до креветот“,меѓу другото, се советите што ги добија од медицинските работници во Сплит.

Порталот Index.hr, ги објави вознемирувачките снимки од разговорот со дежурниот лекар кој вечерта пред смртта му рекол на Матијаниќ да се јави за пет дена и со медицинскиот работник од Инфективното одделение кој само неколку часа пред смртта му препорачал да уринира во лонец.