Порталот „Avia.pro“ на руски јазик објави дека Македонија размислува да ѝ испорача на Украина уште 20 оклопни возила, покрај досега донираните четири борбени авиони „Сухој-25“ и дел од тенковите Т-72А.
„Покрај тенкови и борбени авиони, Македонија може да ѝ предаде на Украина уште 20 оклопни транспортери и борбени возила на пешадија.
Откако Македонија ѝ предаде на Украина дел од 30. тенкови Т-72А, како и 4 јуришни авиони Су-25, се дозна дека властите на оваа земја размислуваат и за испраќање на мали серии оклопни транспортери БТР-70 и борбени возила на пешадијата БМП-2. Вакви оклопни возила моментално не се користат од македонската армија и поради тоа не се од значаен интерес за оваа земја.
Во моментов е познато дека Северна Македонија е вооружена со 10 оклопни транспортери БТР-70 и 10 пешадиски борбени возила БМП-2. Техничката состојба на овие оклопни возила останува непозната и поради тоа останува непознат точниот број на борбени возила кои можат да им бидат префрлени на вооружените сили на Украина.
Континуираното вооружување на Украина од страна на Северна Македонија укажува дека властите на оваа земја се спротивставуваат на Русија и таквите дејства се непријателски. Во исто време, постојат докази дека воената опрема испорачана на Украина ќе биде заменета со понова во арсеналот на овие земји, иако во помали количини, што веројатно укажува на личен интерес на властите на оваа држава“, пишува вебстраницата специјализирана за авијација.





