Институциите во Приштина ја ослободија притворената новинарка на „Комсомолска Правда“, Дарија Асламова, соопшти весникот.
„ Дарија Асламова ја контактираше нашата редакција и рече дека е во градот Рашка. Ноќта на 7 август косовските власти ја ослободија откако беше приведена, а потоа сама патуваше со автобус“, објави „Комсомолскаја правда“,пренесе РИА Новости.
Таа стапила во контакт со руската амбасада во Србија. Асламова синоќа беше приведена на Косово, а според началникот на Министерството за внатрешни работи, Џелаљ Свечља, таа била осомничена дека шпионирала во корист на руските разузнавачки служби.
„Комсомолска правда“ објаснува дека Асламова била во Србија по налог на уредникот и дека требало да подготви посебен извештај за последната ескалација на тензиите меѓу Белград и Приштина.







