Ердоган имаше пробно возење со првиот турски автомобил TOGG

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турската провинција Коџаели имаше пробно возење со најновиот прототип на првиот турски автомобил TOGG.



„Се надеваме дека ќе имаме официјално отворање на фабриката TOGG во Гемлик на 29 октомври“, рече Ердоган на церемонијата.

Тој истакна дека автомобилот TOGG ќе биде на патиштата во Турција веќе во првиот квартал на 2023 година.

„Ќе го направиме турскиот автомобил достапен за нашиот народ и за остатокот од светот, и покрај оние кои велат: „Не можете да го направите тоа, не можете да го произведувате“, додаде Ердоган, пренесе агенцијата Анадолија.

Раководството на групацијата TOGG, основана во 2018 година, го претстави првиот прототип на електрично возило во земјата во декември 2019 година.

TOGG има за цел да произведе еден милион возила во пет различни класи до 2030 година.