Дуа Липа стана почесен конзул на Косово

Светски познатата британска музичка ѕвезда Дуа Липа стана почесен амбасадор на Косово.



На официјална церемонија во главниот град на Косово, Приштина, претседателот на државата Вјоса Османи официјално и ги предаде документите на поп ѕвездата.

Липа е по потекло од Косово.

Претседателката Османи ѝ се заблагодари „во име на сите граѓани на Косово за се што направи Липа за гласот на Косово да се слушне во светот“.

Таа изрази уверување дека „Дуа Липа ќе продолжи да му ја покажува на светот најдобрата страна на Косово во иднина“.