Бугарија времено нема да издава туристички визи за руски граѓани!?

Здружението на тур-оператори на Русија соопшти дека конзуларното претставништво при бугарската амбасада во Москва привремено ќе престане да прима документи за туристички визи за руски граќани и визи за сопственици на имот.



Ова е неопходно „поради моменталната вонредна ситуација“, се вели во пораката цитирана од РИА Новости, пренесува Њуз.бг.

Од Здружението на руски туроператори прецизираат дека причината била прогласувањето на 14 вработени во дипломатските претставништва и конзуларните служби на Бугарија во Русија за персона нон грата.